ПРОСЛАВА НА ИБИЦА

СВАДБА ОД 600 МИЛИОНИ ЕВРА: Фабрегас го собра фудбалскиот свет! (Фото)

Шпанскиот фудбалер и неговата 12. години повозрасна сопруга Даниела Семан организираа една спектакуларна веселба.

објавено: 25 јули 2018 - 18:54

Во приватната вила на Ибица, Сеск Фабрегас и Даниела се во врска од 2011. година, имаат три деца, а се венчаа во мај годинава.

Малку почекаа со прославата која ја организираа во вторникот. Според информациите прославата на Ибица била вредна скоро 600. милиони евра колку што практично изнесува и вредноста на 30-годишниот играч на Челзи.

На настанот присуствуваа уште голем број ѕвезди од светскиот фудбал, помеѓу кои Лионел Меси, Луис Суарез, Серхио Бускетс, Жорди Алба и Карлес Пујол.

Тука беа и неговите пријатели од Арсенал, легендарните Анри и Леман, како и неговите сегашни тимски колеги: Канте, Запакоста, Алонсо, Баркли, Ампада и поранешниот капитен Џон Тери.

Најново во Другата страна на спортот