СВЕЧЕНО ЗАТВОРАЊЕ НА МУНДИЈАЛОТ ВО РУСИЈА 2018

СП: На финалето Путин, Колинда, Макрон, Вил Смит, Болт...!

Секако покрај претседателот на Светската фудбалска федерација, Џани Инфантино, финалето (17:00 ч.) во Москва се очекува да го проследат уште многу познати личности.

објавено: 15 јули 2018 - 10:30

Ќе присуствува претседателот на Русија, Владимир Путин и шефови на држави и влади од повеќе земји, а на свеченото затворање на 21. Светско првество по ред ќе учествуваат музички и филмски ѕвезди.

Секако вниманието ќе биде насочено и кон Колинда Грабар-Китаровиќ (Хрватска) и Емануел Макрон кои ќе стискаат палци за своите земји да стигнат до посакуваниот трон.

Во ВИП ложата ќе бидат уште катарскиот емир, шеик Тамим бин Хамада ал-Тани, чија земја ќе биде домаќин на наредното СП 2022. година.

Официјалната химна на СП „Live it up" ќе ја изведат американскиот пејач и актер Вил Смит, пејачот од Порторико Ники Џем и албанската пејачка Ера Истрефи.

Финалето ќе го гледаат уште пејачот од бендот „Ролингстонс", Мик Џегер и светскиот атлетски рекордер на 100 метри од Јамајка, Усеин Болт.

Најново во Другата страна на спортот