РАСИЗАМ ОД ХРВАТСКИОТ СКИЈАЧ

СКАНДАЛ ПОСЛЕ МУНДИЈАЛОТ: Олимписки шампион со знаме на Гвинеја! (Фото)

Прославениот хрватски скијач Ивица Костелиќ на Фејсбук постави знаме на Гвинеја после натпреварот Хрватска-Франција во финалето на Светското првенство.

објавено: 16 јули 2018 - 13:49

Да потсетиме, „триколорите" на стадионот „Лужњики" со резултат 4:2 триумфираа над „коцкестите" дојдоа до својата втора мундијалска титула во историјата.

Костелиќ на тој начин алудираше на голем број црни фудбалери кои настапуваат за Франција. Третиот гол за Франција во победата од 4:2 над Хрватска го постигна Пол Погба кој има корени токму од Гвинеја.
Фановите веднаш со коментари, шокирани од тоа што е објавено на официјалниот фејсбук профил на Ивица Костелиќ:

„Вие и вашата сестра сме мои скијачки примери. Ги гледам вашите успеси секојдневно, размислувам и на лето, се што сакам е само снегот и рекреацијата на снегот кој го впив од вас. Срцето ми се крши на ваквата објава која за еден ОЛИМПИСКИ и светски шампион е во целост непримерна. Во најмал случај ова не е шега, ова е расизам. Засрамете се".

„Навистина? Не го очекував ова од тебе. Ме изненади, баш и од тоа што и Хрватска загуби, тажна".

„Патетично е да се намали нечиј успех, само бидејќи е од друго потекло. Каква врска има тоа што се црни или што корените им се од Африка? Французите на хартија прилично играа добро. Наместо да се радуваме на добрите игри на хрватските играчи и високата позиција, вака да се реагира во најмала рака е непримерно и мизерно", се дел од фановите на славниот скијач.

Најново во Другата страна на спортот