ЗАТОА Е НАЈДОБАР ПОРТУГАЛЕЦОТ

Што мислите, каде е Роналдо ден после голгетерските 0/2? (ФОТО)

Јувентус успешно ја започна новата сезона, две победи во првите две кола (Киево 3:2, Лацио 2:0), но она што се уште чекаат навивачите на „Старата дама" е секако првиот гол на Кристијано Роналдо во Серија А, во дресот на нивниот клуб.

објавено: 27 август 2018 - 15:30

Навистина малку недостасуваше вчера да се запише во листата на стрелците, особено во акцијата во која Манџукиќ ги постави конечните 2:0, откако голманот Стракоша ја допре топката доволно да го спречи Португалецот кој пак сосема случајно се најде во улога на асистент.

Се разбира, тој е свесен за огромните очекувања на навивачите, од кои не бега, односно сака со уште понапорна работа на тренинзите пред да се врати во вистинската голгетерска форма.

Во врска со ова, тој на Твитер на денес објави фотографија од теретана која експресно предизвика многу реакции од навивачите на Јувентус и навивачите на фудбалот воопшто.

Реакциите се позитивни, а ова е само уште една потврда за тоа како Роналдо е посветен на фудбалот и колку тежи совршенството кога станува збор за неговото влијание на теренот.

Има и шеговити коментари од страна на фановите, на еден од нив му порачуваат дека им „оди на нерви", бидејќи во Италија „се навикнати во недела да се будат во 11 часот. Оди вежбај во САД".

Головите на Португалецот се очекува да дојдат наскоро, а ние не се сомневаме во тоа. Новата шанса е на 1 септември против Парма.

Најново во Другата страна на спортот