ДО КАДЕ СТИГНА СЛАВНИОТ ЈАН УРЛИХ

Се обидел да убие проститутка, го чека робија (ВИДЕО)

Легендарниот германски велосипедист е уапсен со обвинение дека во еден хотел во Франкфурт се обидел да убие една „неморална" девојка...

објавено: 12 август 2018 - 16:10

Победникот на Тур д Франс од 1997 година, според полицискиот извештај, бил под дејство на алкохол и дрога при апсењето, кога пружал и отпор.

„Моментално се води истрага по обвиненијата за 'обид за убиство' и 'тежок напад' "- стои во соопштението на полицијата.

При доаѓањето во зградата на судот, Урлих ја префрлил својата маица преку главата за да не му се гледа лицето.

Урлих (44 години) се најде зад решетките и пред една седмица,пренесуваат медимите во Мајорка, каде и живее, а поради инцидент на имотот на својот сосед, инаку актер, Тил Швајгер.

„Одвојувањето од сопругата и од децата, кои не сум ги виде од Велигден, а само еднаш разговарав со нив, имаше големо влијание на мене"- призна Урлих кој поминува низ најтешката фаза од животот.

За време на својата кариера во која стана единствениот Германец кој ја освоил најпознатата велосипедска трка на светот, призна дека користел допинг средства кај шпанскиот доктор Еуфемијан Фуентес.

 

 

 

 

Најново во Другата страна на спортот