Шокантна исповед на француската ѕвезда

Се ми се згади, сакав да не го освоиме Мундијалот (ВИДЕО)

Поранешниот репрезентативец на Франција, Лорен Кошчелни призна дека триумфот на Франција на СП во Русија му паднал потешко отколку тешката повреда која ја заработи во финишот на минатата сезона.

објавено: 15 октомври 2018 - 19:00

Кошчелни беше „виден" на списокот на патници за Русија, но повредата на Ахиловата тетива на реванш-мечот од полуфиналето на Лигата на Европа го одалечи од терените во период од шест месеци.

Фудбалерот на Арсенал за „Канал плус" говореше како се чувствувал во тие моменти.

„Победата на Франција на СП психички ме уби, повеќе од самата повреда. Тоа Светско првенство ќе остане 'темна дамка' во мојата кариера. Тешко ја прифатив повредата, уште потешко фактот дека ќе го пропуштам Мундијалот. Ја имам таа себична страна од личноста... Сам на себе си зборувам дека можев да бидам дел од таа авантура – да станам светски првак. И таа помисла ќе ме гони цел живот. Тепшко е тоа, и никој не може да го разбере тоа затоа што не е во моите чевли"- рече Кошчелни.

Имал „двоен аршин" во пресудувањето.

„Навистина бев среќен за моите соиграчи, но во исто време, ми се гадеше сето тоа. Не можеш да се чувствуваш како светски првак, како оние преостанати 60.милиони Французи. Ме следеше едно чудно чувство. Од една страна сакав да отидат што е можно подалеку. Од друга пак, се надевав дека ќе загубат и дека ќе испаднат. Така се чувствував" - дополнува дефанзивецот на Арсенал.

Додека ја изнесувашше оваа потресна исповед, Лорен не можеше да ги скрие и солзите...  

Најново во Другата страна на спортот