ИТАЛИЈАНЕЦОТ СИ ИМА МАКА...

САРИ: Ќе ги оставам цигарите додека сум во Челзи

Менаџерот на „сините" вели дека има намера да го остави тутунот на година или две додека е во тимот од Лондон, но и дека потоа ќе се врати на таа навика...

објавено: 21 август 2018 - 10:00

Маурицио Сари е познат како стравствен потрошувач на цигари, и навистина многу тешко му паѓа дека за време на едно фудбалско полувреме не може да запали „по една".
Мешот со Арсенал беше прилично стресен за италијанскиот стратег на „сините", па новинарите го прашаа како успеа, односно го дочека полувремето за да може да дојде до цигарите.

"Не, ми беше потребен одмор, односно ми беше потребно да се заврши првото полувреме. Не ми беше потребна цигара. Ќе престанам да пушам на година или две, па после тоа повторно ќе почнам"- изјави Сари.

Инаку, според оние кои добро го познавата, Сари знае да испушти и до 80 цигари дневно, а тоа ќе му биде огромен проблем на сите стадиони во Велика Британија.
Иако тоа е случај и на „Стемфорд Бриџ", затоа што од Челзи ќе му овозможат една просторија во која Сари ќе може да пуши.
Во Италија такви забрани немаше, па Сари слободно можеше „да запали" и полесно да ја преброди кризата.

Најново во Другата страна на спортот