СЛЕДНАТА „ТУРА" ВО СЕПТЕМВРИ

Сакате дрес од Роналдо? Е па нема повеќе...

Италијанските новинари пишуваат дека Јувентус ги распродал сите дресови на своето најголемо засилување Кристијано Роналдо кои биле направени како почетна залиха...

објавено: 7 август 2018 - 08:30

Изгледа дека во Јувентус направиле погрешна проценка околу тоа колку дресови им се потребни после доведувањето на Кристијано Роналдо во Торино.

За првата залиха биле направени 55.000 дресови со името на Роналдо и бројот седум, а во оние официјални продавници на „црно-белите" се останати само маици за деца, и оние големи броеви со „два икса".
Оние „јувентини" кои задоцнија со купување ќе мора да почекаат за да го купат дресот на Роналдо. Затоа што новата залиха ќе биде готова кон крај на семптември или почетокот на октомври.

Најново во Другата страна на спортот