КОГА ЌЕ ДОБИЕШ ЛОШ ЛОКАЛЕН ФРИЗЕР

САКАШЕ ДА БИДЕ КАКО БЕКАМ, а Вршаљко го направи да личи на Гравесен! (ВИДЕО)

По оние (3:0) против „гаучосите", Матео Ковачиќ посака да има фризура налик на онаа која од поодамна „ја носеше" Дејвид Бекам, но...

објавено: 23 јуни 2018 - 15:22

После големиот триумф над Аргентина, во таборот на хрватска владее феноменална атмосфера
Па така на пример, по оние (3:0) против „гаучосите", Матео Ковачиќ посака да има фризура налик на онаа која од поодамна „ја носеше" Дејвид Бекам.
Но како што откри неговиор репрезентативен колега, Дејна Ловрен, се чини дека фризерката не ги реализира(ла) неговите замисли.

„Ја сакаше оваа фризура, а доби енекоја руска" – напиша Ловрен на Твитер.

Следуваше жалба од фудбалерот на Реал Мадрид.

„Ауу мајко мојаа, што ме снајде" ...

Тоа беше причина за серијал од реакции на другите нивни соиграчи, а на крајот работата мораше да ја поправа Шиме Врсаљко.
Бекот на Атлетико Мадрид ја зема мапинката во своите раце, и онака „на ќелаво" го „среди" Ковачиќ. Моменти кои го натераа искусниот Ведран Чорлука на уште еден интересен коментар.

"Ќе бидеш како оној Томас Гравесен" – искоментира дефанзивецот на „коцкастите".

На крајот Матео Ковачиќ добри фризура која може да добие една преодна оценка... 

Најново во Другата страна на спортот