ЗОШТО ПОРТУГАЛЕЦОТ СЕ СОБЛЕКУВА КОГА ЌЕ ДАДЕ ГОЛ

Роналдо објасни зошто ги покажува мускулите

Најдобриот играч на Реал Мадрид уште еднаш само потврди колку е самобендисан

објавено: 25 мај 2018 - 08:30

Кристијано Роналдо треба да биде главниот играч кој може со еден потег да го реши финалето во Лигата на шампионите кое се игра в сабота. Португалецот вели дека е подготвен и дека и по завршување на оваа сезона не планира да си замине од Реал, без разлика дали ќе дојде Нејмар или некое друго големо засилување. 

„Не можам да се пожалам. Среќен сум. Во сабота играме уште едно финале и знам дека навивачите се со нас. Убаво ми е во Реал, но некои работи не зависат од мене. Што се однесува до евентуалното доаѓање на Нејмар во Реал, само ќе кажам дека постојано се зборува за нови играчи, а на крајот остануваме истите“, вели Роналдо. 

Запрашан дали ги вежба прославите на головите и зошто го соблекува дресот за да ги покаже мускулите, Кристијано имаше објаснување. 

„Не ја вежбам прославата на головите. Со тек на време ја извежбав после толку многу дадени голови. А кога ќе го соблечам дресот и ќе ги покажам мускулите, девојка ми секогаш вели дека изгледам секси“, објасни Роналдо, во исчекување на саботното финале во Лигата на шампионите против Ливерпул.

Најново во Другата страна на спортот