ПОРТУГАЛЕЦОТ СТРАВУВА...

Роналдо не се чувствува баш најсигурно во Торино

Португалскиот фудбалер, Кристијано Роналдо, стравува за безбедноста на своето семејство. 

објавено: 1 септември 2018 - 13:45

По пристигнувањето во Торино, Кристијано Роналдо не се чувствувал безбеднос. Како што пишува „Correre di Torino“, ѕвездата на Јувентус бил многу загрижен за неговата вила во овој град, па токму поради тоа од клубот побарал да му додели тројца телохранители. 

Еден кој ќе се грижи за безбедноста на неговото семејство и еден кој постојано ќе биде задолжен за вилата во која живеее. Додека пак третиот телохранител постојано ќе го прати Роналдо.

Се претпоставува дека причината поради која на дуелот со Киево, дебитанскиот настап на Португалецо, беше ангажирана антитерористичка единица, е токму ѕвездата на Јувентус. 

Најново во Другата страна на спортот