ЛЕГЕНДАРНИОТ ГОЛМАН СЕ ПРЕФРЛИ ВО БОКСЕРИ

Рене Игита нокаутираше навивач (Видео)

Прославениот чувар на мрежата на Колумбија ги загуби нервите

објавено: 23 јули 2018 - 10:30

Легендарниот голман на Колумбија, Рене Игита во минатото беше во центарот на вниманието поради необичните одбрани, но сега не е така. Игита е тренер на Атлетико Национал, но работите не му одат како што посакува. 

По еден меч против тимот на Хјустон, дел од навивачите не беа задоволни од играта на Атлетико, па решија да го искритикуваат Игита кој е тренер. Некогашниот голман на Колумбија не додржа многу, па веднаш реагираше и со бокс го удри навивачот кој беше незадоволен од играта на неговиот омилен тим. 

Најново во Другата страна на спортот