НЕ ГО ЗАБОРАВИЛЕ ВО ГЕРМАНИЈА

Рекордна казна за Видал

На Чилеанецот не му го заборавиле „гревот“ од Минхен

објавено: 18 октомври 2018 - 21:45

Чилеанскиот репрезентативец, Артуро Видал, мислеше дека ќе има поголема минутажа во Барселона, сепак, до такво нешто не дојде. Ернесто Валверде не смета на него, а Чилеанецот сите натпревари ги почна од клупата. Освен на терените, на Видал не му оди ниту на приватно поле.

Додека бил во Баерн, тој учествувал во тепачка во една дискотека во Минхен, а казната му стигна денеска. Верувале или не, за нанесување на телесни повреди тој ќе треба да плати 800.000 евра, а неговиот полубрат кој исто така учествувал во тепачката беше казнет со глоба од 18.000 евра.

Најново во Другата страна на спортот