ПОТЕГ ЗА ПОЧИТ НА ХРВАТОТ

Ребиќ ги отплатил долговите на цело село

Во пресрет на финалето, откриено е дека Анте во минатото решил да ги усреќи селаните од неговото родно место и на повеќе од 500 луѓе им ги отплатил сите долгови

објавено: 15 јули 2018 - 16:18

Во пресрет на финалето на Светското првенство во Русија, откриен е еден хуман потег на хрватскиот репрезентативец Анте Ребиќ. Пред одредено време, Ребиќ решил да им ги плати сите долгови на селаните кои живеат во местото од кое потекнува. 

Ребиќ кој е од едно мало место во близина на Сплит, решил да ги плати долговите на луѓето, а тоа го откри неговиот пријател Ловро Шиндик. 

„Еднаш се случи Анте да ги отплати долговите на сите 500 мештани кои живеат во неговото село“, откри Шиндик. 

Ребиќ на 19 години замина да игра во Фиорентина, а сега е дел од тимот на Ајнтрахт Франкфурт во Германија. Со игрите кои ги покажа на Мундијалот во Русија, неговата цена на фудбалскито пазар сигурно за многу пати се зголеми. 

Најново во Другата страна на спортот