АНГЛИЧАНИТЕ НАЈДОА ПРОСТОР ЗА НАДЕЖ

Реал оди за Киев без пилотот „кој им носи среќа"...

Суеверните англиски навивачи и во оваа приказна наоѓаат причина повеќе за победа на Ливерпул во финалето од Лигата на шампионите.

објавено: 25 мај 2018 - 16:30

Реал Мадрид мораше да ги промени плановите кога е во прашање летот кон Киев. Не станува збор за некои сериозни промени или одложување, но посадата која леташе со Реал Мадрид на последните три финални средби од Лигата на шампионите овој пат нема да може да патува со „кралевите", и можеби уште еднаш да им донесе среќа.

Секако под услов публиката да верува во еден таков момент.

„Оваа година во Киев патуваме со големиот Аирбус 340 авион. Посадата која нė возеше досега нема квалификации за управување со таков авион, туку со еден сличен, но значајно помал авион. За преквалификација им беше потребен тримесечен курс, а ние го немаме тоа време" - наведува „Марка" еден извор близок на клубот од „Бернабеу".

Пилотот Хуан Рамос Бонет, копилотото Александро Буксона и стјуардесата Роса Делиа Сосас се грижеа за фудбалерите на Реал на летовите во изминатите три години кога клубот од Мадрид патуваше на финалето од Лигата на Шампионите.
Се почна во полуфиналето во 2014 година, и од тој момент луѓето од Реал ја бараа истата посада за патувањата на најважните натпревари.
Оваа тројка на нивниот повик присуствуваше и на натпреварот во Минхен во 2014 година.
Но сега овој лет кон Украина го превземаа пилотот Томин Бастан, копилотот Хосе Марија Ордавос и стјуардот Манел Дијаз Пачон.
Дали ќе му бидат среќни на Реал, ќе видиме некаде во сабота навечер, пред полноќ...

Најново во Другата страна на спортот