ИМПРЕСИВНИ БРОЈКИ НА СТАРТОТ НА СП

РАКОМЕТНА ТРЕСКА ВО ГЕРМАНИЈА: Шест милиони пред телевизор

23,6 посто од сите гледачи кои во моментот гледале ТВ во Германија, го следеле мечот меѓу Германија и Кореја, кој го отвори мундијалот.

објавено: 12 јануари 2019 - 09:15

Германскиот јавен телевизиски сервис на стартот на Светското првенство во ракомет во Германија и Данска излезе со импресивни бројки што се однесува до гледаноста на мундијалот пред малите екрани.

Првиот меч меѓу Германија и Кореја со кој беше отворено СП 2019, го гледале 6,11 милиони луѓе, односно 23,6 посто од сите гледачи кои во моментот гледале ТВ во Германија.

Националната телевизија во Германија ги пренесува мундијалските натпревари, додека на претходните две СП во 2015 и во 2017, дуелите се гледаа на преку кабелска телевизија или на интернет.

 

Најново во Другата страна на спортот