НИШТО ОД СРПСКОТО ЕДИНСТВО ВО МОСКВА

ПРЕТЕПАНО СРПСКО СЕМЕЈСТВО: Другите Срби снимаа како Бразилците нè тепаат (ФОТО)

Тричлено српско семејство беше претепано за време на средбата Србија-Бразил која синоќа се играше на Арената „Откритиа" во Москва, и тоа од страна на, како што подоцна било утврдено, на осум бразилски навивачи.

објавено: 28 јуни 2018 - 10:00

Оваа „тројка" е огорчена од нереагирањето од страна на редарската служба на стадионот, но и однесувањето на нивните сонародници на трибините.

Фотографиите на кои се гледа како неколку млади Бразилци со боксови удираат еден постар Србин, а меѓу нив „заробена" е една жена, која исто така примари удари, ги објавија сите светски агенции.

Синот на нападнатиот српски навивач за српските медиуми објасни што точно се случувало.

"Од почетокот на натпреварот се соочивме со најгрди провокации од навивачите на Бразил кои седе пред нас. Ни покажуваа среден прст, на половите органи, и дофрлаа со најголеми псовки. На овој меч бев со мојот татко и мојата мајка, која сето тоа го слушаше и го гледаше. Татко ми некое време молчеше и трпеше, но потоа им каќа да престанат со тие работи. Тогаш едне од Бразилците стана и тргна на него. Почна да го тепа мојот татко, а му се придружија уште седум други нивни навивачи. Секако, јас се обидував да го одбрана За жал, и мојата мајка се бореше со нив"- појасни несреќниот сведок у учесник во ово скандал на стадионот во Москва.

И за него е неверојатно тоа што немало никаква реакција од страна на полицијата, и дека на тој дел од трибината имало само еден единствен редар.
Сепак најмногу го боли однесувањето на неговите сонародници.

„Страшно е тоа затоа што над нас имаше доста Срби кои не ни помислија да ни помогнат туку само снимаа како Бразилците нè тепаат. Не реагираа ниту на тоа дека е нападната една жена".

Таткото и синот имаат повреди, а за среќа, нивната мајка поминале без никакви последици.

Најново во Другата страна на спортот