ДАЛИ Е СЕ ВО РЕД СО ЛЕГЕНДАРНИОТ АРГЕНТИНЕЦ

Повторно стравувања за здравјето на Марадона (Видео)

Самиот Диего Армандо тврди дека е се во ред со неговото здравје

објавено: 25 јули 2018 - 11:25

Фудбалските фанови повторно се загрижени за здравјето на легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона. Аргентинскиот идол даде кратко интервју за една локална телевизија, каде се гледа дека несоодветно се движи и тешко збори.

И покрај ваквата негова состојба, Марадона рече: „Добро сум, не ми е ништо“, додека седеше во својот автомобил. 

Пред помалку од еден месец, за време на Светското првенство во Русија, Марадона беше хоспитализиран по еден од мечевите на Аргентина. Тогаш Марадона веднаш реагираше велејќи дека не му е ништо и дека се лувствува добро. 

Погледнете го последното видео и изјавата која ја дава Марадона за локалната аргентинска телевизија.  

Најново во Другата страна на спортот