ЕДНА ТАЖНА АМСТЕРДАМСКА ПРИКАЗНА

ПОСЛЕ ЕДНА ГОДИНА: Младата ѕвезда на Ајакс се разбуди од кома (ВИДЕО)

Дваесетгодишниот Абделак Нури беше голем талент кај тимот од Амстердам, и минатата година требаше да биде првотимец во славниот холандски клуб. За жал, тоа нема да се случи никогаш...

објавено: 21 август 2018 - 15:40

Имено, „Апи" како го викаат сите, на почетокот на јули минатата година, падна на теренот за време на еден подготвителен натпревар на „црвено-белите" против германскиот Вердер, одигран во Австрија, по што со хелихоптер веднаш беше префрлен во една болница во Инсбрук.

Поради срцева аритмија колабирапе, а утврдено е дека претрпел и сериозна и трајна повреда на мозокот. Поради недостиг на кислород, клучниот орган му е неповратно оштетен, нема да се опорави никогаш, ниту пак, што е сосема извесно, нема повеќе да заигра фудбал за кој беше предодреден откако предминатата сезона дебитираше за првиот тим на Ајакс.

Навивачите на Ајакс веднаш му се ставија на располагање на семејството Нури, и рекоа дека ќе собираат помош за Апи.
Но неговите тажни родители дополнително се изненадија кога голем дел од нив се појавија пред зградата во амстердамскиот кварт каде живее ова семејство, и тоа токму во моментот кога мајката и таткото се враќаа од болницата.
Веднаш се расплакаа кога го видоа тоа, се заблагодарија на навивачите на Ајакс. Татко дури излезе од автомобилот, но оној преголем емотивен набој не му даде да им се обрати на присутните.
После повеќе од една година, конечно стигна и една сјајна вест, Апи се разбуди од кома, ги препознал своите најблиски, дури и комуницирал со нив. 

Најново во Другата страна на спортот