ПРЕД ВЕЧЕРАШНИОТ ДУЕЛ СО СРБИЈА

Полицијата на големо апси во Подгорица

Црногорската полиција која овие денови имаше полни раце работа, најмногу ќе има вечерва кога во Подгорица се среќаваат Србија и Црна Гора во рамките на Лигата на нации.

објавено: 11 октомври 2018 - 15:10

Иако средбата се игра вечерва, црногорската полиција веќе неколку дена пред почетокот на натпреварот го расчистува теренот за да обезбеди мирна атмосфера, па токму затоа презеде неколку мерки.

Една од нив е приведувањето на десетина момчиња од Подгорица и Бар за кои се соменуваат дека се навивачи на Партизан, Црвена Звезда и репрезентацијата на Србија.

Споменатите фанови биле приведени во полициска станица каде морале да потпишат изјава дека нема да бидат присутни на мечот меѓу Црна Гора и Србија. 

„Добивме повик да се пријавиме во полиција. Инспекторот на станицата ни даде веќе подготвена изјава која требаше да ја потпишеме, поточно да потврдиме дека нека да го проследиме фудбалскиот меч“, изјави приведените момчиња.

Натпреварот меѓу Црна Гора и Србија е закажан со почеток во 20:45 часот.

 

Најново во Другата страна на спортот