На сајтот каде што веќе се продава дресот, побарувачката е огромна, во првите три часа, дури за 600 проценти поголема отколку за дресовите на Џејмс од Кливленд, кога тој се врати од Мајами во Кавалирс.
Џејмс носеше „23-ка" на грбот во Кливленд кавалирс кога влезе во НБА лигата како прв пик на драфтот во 2003 година. Потоа во 2010 година, тој направи трансфер во Мајами хит, а додека играше за тимот од Флорида, носеше дрес со бројот 6. „Шестката" му донесе среќа и на олимписките игри во 2008 и 2012 година. На ЛОИ во Атина во 2004, имаше дрес со број 9, а таму САД не го освоија златото.
Во Лејкерс, повлечени од употреба се дресовите со броевите 8 (Коби Брајант), 13 (Вилт Чемберлен), 22 (Елџин Бејлор), 24 (Коби Брајант), 25 (Гајл Гудрич), 32 (Меџик Џонсон), 33 (Карим Абдул Џабар), 34 (Шекил О'Нил), 42 (Џејмс Ворти), 44 (Џери Вест) и 52 (Џамал Вилкс).