НЕЗАДОВОЛНИ НАВИВАЧИ НА ЧАРЛТОН

По прасиња, фрлаа и чипсови на теренот (видео)

Навивачите на Чарлтон во знак на протест кон првиот човек на клубот фрлаа чипсови на теренот на првенствен меч

објавено: 26 август 2018 - 17:00

Дуелот меѓу Чарлтон и Флитвуд на стадионот „Вели" во рамките на Лига 1 беше забележан интересен момент. Навивачите на домашниот клуб фрлаа ќесиња со чипс на теренот како протест кон политиката на сопственик Ролан Душеле. Бизнисменот од Белгија четири години е на чело на клубот, а освен што воведе мерки за штедење не направи ништо друго.

На вработените им беа укинати бонусите, им беше забрането јадење на чипсови и грицки на своите бироа, а на чистачките им ги намали работните часови и платата. Од тука и идејата на навивачите за овој протест.

Навивачите не можат повеќе да го гледаат клубот како се дави, па го искажаа своето незадоволство на овој начин. Во 2016 година тие протестираа против Душеле со фрлање на илјадници пластични прасиња на теренот.

 

 

Најново во Другата страна на спортот