ОДЛИЧНА ИДЕЈА

ПА ОВА Е ПРЕКРАСНО: Еве каков роденденски подарок доби Салах! (Видео)

Египетскиот фудбалер за 26. роденден доби торта тешка дури 100 килограми.

објавено: 17 јуни 2018 - 15:00

Имено, Салах вчера наполни 26 години, а во базата на Египет во Грозни го чекаше убаво изненадување - една џиновска торта во боите на египетското знаме, а интересно на врвот стоеше и златна копачка која веќе многумина му ја предвидуваат.

На снимката објавена синоќа се гледа како соиграчите на Салах му ја пеат роденденската песна. На стартот од Мундијалот, селекцијата на Египет загуби од Уругвај со 1:0 во првото коло од групата А, а ѕвездата на Ливерпул го гледаше целиот меч од клупата за резерви.

Својот следен меч на СП Египќаните ќе го имаат на 19 јуни (вторник) против домаќинот Русија на „Крестовски" стадионот во Ст. Петерсбург.

Најново во Другата страна на спортот