Трча на 100 метри, фрла копје, урива рекорди...

Новиот светски шампион во скок во далечина има 102 години!

102-годишниот Отавиани е првиот жител на планетава постар од 100 години кој се обидел во дисциплината скок во далечина и со тоа сосема заслужено го добива епитетот – светски рекордер.

објавено: 11 септември 2018 - 21:50

Роден на 20 мај 1916 година, Италијанецот Џузепе Отавиани е светски шампион во скок во далечина! 102-годишниот Отавиани е првиот жител на планетава постар од 100 години кој се обидел во дисциплината скок во далечина и со тоа сосема заслужено го добива епитетот – светски рекордер. 

Кога наполнил 75 години решил да се обиде да го засили својот спортски живот, па почнува активно да се занимава со атлетика. Трча на 100 метри, скока во далечина, но исто така и фрла копје. Со 95 години освои 10 медали во и собори неколку светски рекорди за ветерани.

Тој оваа недела во Малага имаше настап во скок во далечина со своите 102 години, а прескокнувајќи 0,85 метри стана нов светски шампион и рекордер во оваа возрасна категорија.

Најново во Другата страна на спортот