МУ ДОЈДОА „ПРЕКУ ГЛАВА"...

Нервозен навивач на Никс ја „продава" својата подршка?!

Еден навивач на Њујорк Никс одлучи да го „продаде" својот клуб, односно оној за кој навива. Поточно кажано не клубот, туку својата подршка кон Никси.

објавено: 23 август 2018 - 12:30

Еден навивач на Њујорк Никс одлучи да го „продаде" својот клуб, односно оној за кој навива. Поточно кажано не клубот, туку својата подршка кон Никси.

Цената е постаавена на 1.973 долари, што претставува година кога за последен пат Никси ја освоија шампионската титула.


„На потполно разочараниот навивач на Никс му е доста. Ја продавам својата подршка" - пишува во огласот.

А оној кој ќе биде подготвен да издвои толку пари, ќе може да одлучи за кого овој нервозен навивач ќе навива во иднина.

Покрај огласот, кој е составен од околу 2.000 зборови, влезе и приказната за претходните 33 години историја на Њујорк Никс со кои нервозниот фан објаснува како во исто време го сака и го мрази клубот, и како му здодеале лошите сезони...
Којзнае, можеби некогаш и ќе дознаеме каако завршил овој негов обид...

Најново во Другата страна на спортот