БРАЗИЛЕЦОТ ЗНАЕ ОД КАДЕ И СО ШТО ПОЧНАЛ

НЕЈМАР СЕ РАЗНЕЖИ: Моето име е фавела!

Тој е најскапиот фудбалер на светот, и тоа на сите времиња затоа што минатото лето, она 2017, ПСЖ и плати на Барселона неверојатни 222 милиони евра.

објавено: 23 септември 2018 - 20:15

Тој е најскапиот фудбалер на светот, и тоа на сите времиња затоа што минатото лето, она 2017, ПСЖ и плати на Барселона неверојатни 222 милиони евра.
А каков бил Нејмар како дете?
Тоа се обидува да ни го појасни токму тој.
На социјалните мрежи Бразилецот во редовите на „светците" сподели фотографија од неговите доста помлади денови. А покрај неа напиша еден емотивен коментар.

„Во тоа време имав луди сништа. Но никогаш не знаев дека можам да постигнам многу повеќе од она што можев да си го замислам. Му благодарам на Бога што ми го даде овој дар и оваа љубов спрема фудбалот. Моето име е фавела"- напиша најскапиот во историјата на светскиот фудбал.

Навистина искрено...

 

Најново во Другата страна на спортот