И МАНЕКЕНКА И КОШАРКАРКА

НЕ СЕ СРАМИ ОД СВОЕТО ТЕЛО: Валентина тргна се од себе (ВИДЕО)

Пред осум години беше во финалето за Мис на Италија. И предвидуваа сјајна манекенска кариера. Но Валентина Вињали имаше и друга љубов – кошарката...

објавено: 23 септември 2018 - 13:30

Пред осум години беше во финалето за Мис на Италија. И предвидуваа сјајна манекенска кариера. Но Валентина Вињали имаше и друга љубов – кошарката...

Веројатно ќе играше и во првата лига да ја одбереше само кошарката. Но Валентина помалку снима, помалку игра и кошарка. Оваа година пронајде и нов клуб – Атина Баскет од Рим.

„Веднаш ми се допадна идејата за играње во Рим, затоа што тоа е историски град. Уште една работа поради која лесно се одлучив е тренерот кој ме тренираше и порано" – вели Валентина која едно време работеше и како ТВ водителка.

Но секогаш и се враќа на кошарката.

„Тоа почна кога имав осум години. Бев висока. Ми предложија да се обидам со кошарката. И тоа беше љубов на прв поглед. Кошарката ми ги даде, да кажеме, некои од најдобрите пријателки. Запознав и доста пријатели играјќи го овој спорт кој го сакам најмногу на светот"- рече 183 сантиметри високата Италијанка, коај на Инстаграм ја следат скоро да милиони луѓе.

Има и зошто, нели?

Најново во Другата страна на спортот