ШОВИНИСТИЧКИ ПОРАКИ ВО РИМ

НАВИВАЧИТЕ НА ЛАЦИО: Без жени во првите редови!?

На првиот меч во сезоната со Наполи, на трибините на „Олимпико" навивачите можеа да најдат флаер на кој оние најекстремни навивачи на римскиот клуб (по) барале жените да не доаѓаат на некои делови на стадионот...

објавено: 21 август 2018 - 09:00

Навивачите на Лацио одамна се познати по насилството, расизам и антисемитски ставови, па можеби уште еден шовинистички напад, и не луди воопшто кога се во прашање оние најекстремни фанови на римскиот клуб.

За време на првиот меч во новата сезона против Наполи (Лацио го загуби со 2:1), на стадионот, иако неофицијално, „кружел" еден флаер на кој пишувало дека стадионот е свето место „на кое не им е место на жените"...

Од клубот рекоа дека не знаат ништо за оваа иницијатива, но и дека поголемиот дел од навивачите не мисли така. Додаваат дека сето тоа е само иницијатива на мал број на навивачи, и дека клубот не може секогаш да ги спречува овие политички некоректни ситуации.
Инаку на флаерот пишувало и тоа дека жените не треба да бидат во првите десет реда на делот на трибините каде се најозогласените фанови на Лацио.

„Оние на кои доаѓањето на стадион е алтернатива за романтичен ден во Вилата Боргезе, треба да одат на други делови од стадионот"- пишувало на флаерот.

Инаку, минатата сезона Лацио доби висока парична казна поради тоа што навивачите покажаа транспарент на кој жртвата на холокаустот, Ана Франк е претставена во дрес на Рома.

Најново во Другата страна на спортот