САКА ДА СИ НАПЛАТИ ЗА СРАМОТ

Навивач го тужи ЕСПН за 10 милиони бидејќи го фатиле како спие на натпревар (ВИДЕО)

објавено: 8 јули 2014 - 10:41

Ендру Ректор е 26-годишен човек, кому животот може да му се смени на подобро затоа што е мрзелив и незаинтересиран. На 13 април, на бејзбол натпреварот меѓу Њујорк јенкис и Бостон ред сокс, за време на четвртиот ининг Ректор задремал среде стадион, а тоа го фатила камерата на ТВ-мрежата ЕСПН, во директниот пренос од мечот.

Коментаторите фрлиле некоја шега на сметка на Ректор, нарекувајќи го несвесен и велејќи дека ова не е место за спиење. Еден од двајцата дури иронично се запрашал зарем е можно момчето да ги преспало сите три претходни ининга и дали одолеало на вревата од пред некоја минута, кога 45.000 гледачи станале да го поздрават „хоум ранот“, на еден од домашните играчи.

Сето ова било доволно Ректор да поднесе дужба до Врховниот суд во Бронкс во која вели дека бил жртва на „бескрајни вербални напади“ кои му предизвикале стрес и емотивно оштетување. Како отштета бара неверојатни 10 милиони долари. Во САД имало и побизарни судски случаи, така што ништо чудно овој љубител на сонот да добие.

Најново во Другата страна на спортот