АНГЛИЧАНИТЕ НЕ ОСТАНАА БЕЗ НАГРАДИ

НАМЕСТО МЕДАЛИ: Почесни паркинг места за Кејн и компанија! (ФОТО)

Репрезентацијата на Англија стигна до полуфиналето на СП во Русија што е нивниот најдобар резултат уште од шампионатот во 1990 година...

објавено: 18 јули 2018 - 09:15

Поволната ждрепка им овозможи да стигнат до четирите најдобри селекции во светот. Но во полуфиналето ги запре Хрватска, додека пак Белгија беше подобра од нив во пресметката за третото место.

Иако не освоија медал, сепак, англиските репрезентативци не останаа со празни раце.

Од компанијата „Лидл" добија почесни места на паркинзите пред супермаркетите во своите родни места.

Па така. Хери Кејн го чека специјално паркинг-место пред продавницата во Клингфорд, само неколку километри од местото каде што одеше на училиште.

Селекторот Герет Саутгејт пак има почесно место во родниот Кроули.

А наградени се и Џордан Пикфорд, односно Киеран Трипие, исто така во своите родни места.

Најново во Другата страна на спортот