ЛЕБРОН ЏЕЈМС НА ЗАСЛУЖЕН ОДМОР

На „кралот" му е ептен фино во Портофино (ФОТО)

По оној неверојатен викенд во кој, прво, во петокот се сретна со Меџик Џонсон, во сабота потпиша договор „тежок" скоро 154 милиони долари со ЛА Лејкерс, во недела, Леброн Џејмс го напушти Лос Анџелес и тргна на одмор.

објавено: 5 јули 2018 - 16:40

Односно се упати кон Италија, кон местото Портофино, каде се „"спои" со своето семејство, и ги „троши" првите денови од одморот.

Папараците „провалија" во кој ресторант тргна Леброн, и веднаш го „фатија" со камерите.

Притоа дознаа и тоа дека наскоро на истото место треба да дојдат и холивудскиот актер Сејмуел Л. Џексон, но и Ирвин меџик Џонсон.


Прашањето е дали Џонсон и Џејмс ќе се сретнат и во ова прекрасно место на „чизмата", затоа што плановите на „Кралот" се заедно со комплетното семејство и пријателите, да се пресели и на некое друго место во Европа.

Најново во Другата страна на спортот