Португалецот во март се враќа пред публиката

Мурињо почнува со свое тв-шоу на РТ (ВИДЕО)

Екс-тренерот на Манчестер Ј. договорил свое шоу под наслов „Во очите на Жозе Мурињо“ кое стартува следниот месец.

објавено: 11 февруари 2019 - 16:10

Ако не може да биде на терен, ќе биде на телевизија. Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, наскоро ќе се врати пред публиката, но овој пат со нов телевизиски ангажман.

Како што објавија руските медиуми, Португалецот во март ќе започне со работа на свое шоу на каналот РТ, кое ќе се вика "Во очите на Жозе Мурињо". Во него, Мурињо ќе дава предвидувања за претстојните натпревари и ќе сподели експертско мислење за нокаут натпреварите од тековната сезона од Лигата на шампионите. Веста и официјално ја потврдија од РТ.

„Работата со РТ за време на светското првенство 2018 беше одлично искуство за мене. Јас сум навистина задоволен што можам да продолжам да работам со таков прекрасен тим", рекол Мурињо.

Мурињо беше отпуштен од функцијата како тренер на Манчестер Јунајтед во средината на декември.

Најново во Другата страна на спортот