УШТЕ ДА ПОБЕДЕШЕ НИВНИОТ ОМИЛЕН ТИМ

Младенците и сватовите од свадба на трибини, да го бодрат Партизан (ВИДЕО)

Кошаркарите на Морнар и на Партизан синоќа го играа мечот од третото коло од АБА лигата, а на трибините во салата „Тополица“ во Бар, и една несекојдневна сцена...

објавено: 15 октомври 2018 - 17:00

Меѓу гледачите на трибината на која беа стационирани фановите на белградските „црно-бели“, младоженец, невеста, заедно со своите сватови. Сите дојдени со една цел - да го подржат својот омилен клуб - Партизан!

Извесно е дека „црно-белите“ досега немале вакви навивачи, но и тие на крајот не им помогнаа да „побегнат“ од поразот против „морнарите“. 

Загубија и ги разочараа своите несекојдневни сипматизери од бар.

Како изгледаа тие „свечени моменти“...

Најново во Другата страна на спортот