ДАЛИ СЛЕДУВА ЕКСПРЕСНА ДЕПОРТАЦИЈА?

МИНИСТЕРКАТА ОБЈАВИ СЛИКИ: Бара Русија да ги врати аргентинските хулигани дома, да им се суди! (ВИДЕО)

Аргентинските навивачи тешко го прифатија дебаклот на нивните миленици во дуелот со Хрватска (0:3), а дел од нив, поточно неколкумина, својот бес го истурија над двајца навивачи на „коцкастите".

објавено: 23 јуни 2018 - 17:25

 Аргентинските навивачи тешко го прифатија дебаклот на нивните миленици во дуелот со Хрватска (0:3), а дел од нив, поточно неколкумина, својот бес го истурија над двајца навивачи на „коцкастите".

Се нафрлија на нив уште во ходниците на стадионот во Нижњи Новгород, ги претепаа кутрите Хрвати, и само со брзата интеревција на обезбедуавњето спречен е вистински масакр.

„Навивачот кој беше претепан не можеше да ги препознае напаѓачите, и треба да се напомене дека не доби помош од своите сонародници кои очигледно и премногу беа зафатени со славењето на победата" – пишуваат руските сајтови.

Но два дена подоцна, минстерката за сигурност на Аргентина, Патрициа Булрич, на Твитер ги објави фотографиите, имињата и презимињата на четворицата нејзини сонародници кои се изживуваа над недолжните хрватски навивачи. Покрај нивните слики Булрич го допиша следното:

"Елија, Пардо, Еслејер и Каталан, се четворицата насилници идентификувани со помош на видео-снимката, кои дијвачки ги претапаа државјаните на Хрватска. Бараме од руските власти да ги уапсат ид а ги депортираат. Со таа земја потпишавме спогодба за заштита на аргентинските државјани, но наша обврска е да бидеме строги спрема оние кои ги кршат законот“.

 

 

Најново во Другата страна на спортот