„САМСУНГ“ ЌЕ ГИ НАЛУТИ ФУДБАЛСКИТЕ ЉУБИТЕЛИ НА ОСТРОВОТ

Милион луѓе ќе пропуштат 20 секунди од финалето на ЛШ?

Вечерашното финале на ЛШ го очекуваат милиони луѓе ширум светот, но дел од оние пред телевизиските екрани ќе пропуштат 20 секунди. Зошто?

објавено: 26 мај 2018 - 11:10

Милиони гледачи во Обединетото Кралство ќе нема да видат осум секунди од големото финале меѓу Ливерпул и Реал Мадрид на Олимпискиот стадион во Киев и тоа од маркетиншки причини.

Имено, сите кои ќе го гледаат мечот на смарт телевизорите на „Самсунг" ќе останат без слика 20 секунди. Се работи за интересна рекламна кампања преку која „Самсунг" сака да ја промовира својата QLED технологија и „амбиент" модот преку кој на екраните ќе бидат прикажани различни скринсејвери кога телевизорот е на стенд-бај.

Па така на околу осум милиони телевизиски приемници во текот на мечот ќе се појават пречки, а потоа екранот потполно ќе „поцрни" и ќе снема звук пет секунди. И на „Самсунг" им е јасно дека со овој потег ќе предизвика гнев кај фудбалските љубители кои ќе ги фати паника доколку не знаат дека се работи за „трик" и ќе мислат дека телевизорот им се расипал во моментот кога се игра најголемиот меч во сезоната.

„Оваа единствена маркетиншка кампања е смислена нашата порака да биде пренесена на што подраматичен начин, така што ќе се исклучат ТВ приемниците и ќе ја потсети јавноста дека телевизорите во 90% од времето се досадни црни екрани. Со новата амбиентална технологија тоа веќе нема да биде така", појасни директорката на маркетинг на Самсунг за ОК и Ирска, Ребека Хирст.

Најново во Другата страна на спортот