МЕЧОТ СО ТАТРАН ПРЕШОВ ЌЕ БИДЕ ОД ХУМАНИТАРЕН КАРАКТЕР

Металург ќе игра за Дарија

Средбата од седмото коло на СЕХА-лигата меѓу Металург и Татран Прешов, кој се игра во сабота во СЦ "Борис Трајковски" ќе има и хуманитарен карактер.

објавено: 18 октомври 2018 - 13:03

Средбата од седмото коло на СЕХА-лигата меѓу Металург и Татран Прешов, кој се игра во сабота во СЦ "Борис Трајковски" ќе има и хуманитарен карактер. Парите од влезниците ќе бидат донирани на лекувањето на малата Дарија, која поради предвременото породување е во критична состојба и е задржана во единствената приватна клиника која нуди стручна нега за нејзиното опоравување.

Цената на влезниците ќе биде 100 денари, а средбата е закажана со почеток во 20.15 часот.

Доколку сакате, вашата финансиска помош можете да ја реализирате и преку:

Сметка во Тутунска банка: 210501648152948

Телеком број: 143 193

ВИП број: 143-489

Најново во Другата страна на спортот