ИАКО ИМА УШТЕ МНОГУ ДА СЕ ИГРА

Меси за три дена ќе го добие трофејот од Светското првенство

Без оглед на резултатот на денешниот меч против Хрватска, капитенот на Аргентина ќе слави на 24 јуни

објавено: 21 јуни 2018 - 12:00

Капитенот на аргентинската репрезентација Лионел Меси, за три дена ќе го добие трофејот кој е наменет за победникот на Светското првенство во Русија. За жал на Меси, тоа нема да биде оригинален примерок, туку торта во облик на трофејот, како подарок за роденденот на Аргентинецот. На 24 јуни Лео ќе наполни 31 година.

Тортата ќе тежи 3,5 килограми и ќе биде подарок од министерството за спорт во московскиот регион. Токму пехарот од Мундијалот е најзначајниот трофеј кој му недостасува на Меси во кариерата. Пред четири години, Аргентина играше во финалето на планетарниот собир, но во финалето загуби од Германија, а Меси само со поглед го одмина најзначајниот трофеј.

Најново во Другата страна на спортот