ПОКРАЈ ТОА ШТО Е ФЕНОМЕНАЛЕН ФУДБАЛЕР

Мбапе покажа дека има и големо срце

Францускиот репрезентативец најави дека сите пари кои ќе ги добие додека е на Мундијалот, ќе ги донира во добротворни цели

објавено: 30 јуни 2018 - 21:07

Килијан Мбапе блесна на дуелот против Аргентина и е еден од најзаслужните што Франција се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство во Русија. Младиот напаѓач на теренот уште еднаш го покажа целиот свој раскошен талент, а дека е многу повеќе од само еден познат играч, го потврди со својот потег кој е за воодушевување. 

Мбапе најави дека сите пари кои ќе ги добие додека е дел од репрезентацијата и е на Мундијалот, ќе ги донира во добротворни цели. Тинејџерот вели дека сите играчи треба да ги донираат парите кога се заработени додека се дел од националниот тим на Франција. 

Голгетерот добива по 20.000 евра за секој одигран меч, плус дополнителни премии за секој постигнат погодок. 

 

Најново во Другата страна на спортот