диего армандо збесна од радост по вториот гол

Марадона „делеше“ средни прсти на „хејтерите“ на Аргентина

Некогашниот најдобар фудбалер во светот едноставно не знаеше како да се израдува по погодокот на Маркус Рохо

објавено: 26 јуни 2018 - 22:31

Конечно радост за Аргентина. Некогашниот светски првак дури во третиот меч стигна до првата победа, но и тоа беше доволно да се помине групната фаза. Некогашниот најдобар фудбалер во светот Диего Армандо Марадона, сите три меча на „гаучосите“ ги следеше од ложата. 

По разочарувањата против Исланд и Хрватска, Марадона конечно против Нигерија можеше да се израдува. Меси погоди за 1:0, а откако Нигерија израмни на 1:1, Маркус Рохо беше херојот на Аргентина, со погодокот во 86 минута. 

Токму по голот на Рохо, Марадона едноставно збесна и не знаеше како да се израдува па ги покажа средните прста на двете раце, „поздравувајќи“ ги сите оние кои сакаа Аргентина да биде елиминирана.

Најново во Другата страна на спортот