ТОA Е ТОЈ ТЕМПЕРАМЕНТ

ЛУДИЛО ВО БРАЗИЛ: Навивачите на Сантос се степаа со полицијата и го прекинаа мечот (ВИДЕО)

Реванш-мечот од јужноамериканскиот Копа Либертадорес помеѓу бразилсиот Сантос и аргентинскиот Естудијантес е прекинат во 82 минута...

објавено: 29 август 2018 - 14:00

Незадоволни од фактот дека нивниот тим се наоѓа пред елиминација од ова натпреварување, навивачите на Сантос одлучија да го прекинат натпреварот по што дојде до големи судири со полицијата.

Се обидоа да влезат на теренот, во тоа беа спречени и добар дел од навивачите доби сериозен ќотек, но сепак, со неколку факели успеаја да ја погодат клупата со гостинските играчи.
Домашните фанови се одлучија за еден ваков потег откако на ден пред натпреварот од раководството на ова натпреварување одлуши да му подари службена победа од (3:0) на Естудијантес за оној прв натпревар. И тоа поради фактот дека во редовите на Сантос играл фудбалер кој немал право на настап.
До прекинот на натпреварот резултатот беше почетниот (0:0), и после се, Естудијантес оди во четвртфиналето.

 

Најново во Другата страна на спортот