МНОГУ НАВИВАЧИ ОКОЛУ АВТОМОБИЛОТ КАДЕ ШТО БЕШЕ ЕГИПЌАНЕЦОТ

НЕВЕРОЈАТНО: Ливерпул го пријави Салах во полиција! (ВИДЕО)

Полицијата во Ливерпул добила пријава дека голгетерот на Ливерпул направил сообраќаен прекршок...

објавено: 14 август 2018 - 13:00

Занимливо е тоа што пријавата ја поднел клубот од „Енфилд" за кој игра египетскиот репрезентативец.

Според законот, забрането е во Велика Британија да се има мобилен телефон во рака додека се управува автомобил, а прекршок се прави кога и се чека на семафор или пак има застој поради сообраќаен метеж.

Видео се појави на кој се гледа Мохамед Салах кој е на возачкото место во својот автомобил и во кој во текот на возењето го користи мобилниот телефон зад воланот, а околу возилото во тој момент имаше голем број на навивачи, а еден од најдобрите фудбалери на клубот ги игнорираше фановите, не сакаше да дава автограми и си продолжи да вози.

Портпаролот на Премиер Лигата изјави дека полицијата била информирана за ваквиот настан по разговорот со играчот и дека случајот ќе биде решен „интерно".

„После разговорот со играчот, клубот ја информираше полицијата за целиот настан. Полицијата ја доби снимката, како и податоците за околностите поврзани со случајот. Ние исто така разговаравме со играчот и работите кои ќе бидат решени меѓу нас. Ниту клубот ниту играчот нема да даваат изјави поврзани со случајот", изјави портпаролот на Премиер Лигата.

Најново во Другата страна на спортот