ФУДБАЛЕРОТ НА САУТЕМПТОН ВО НЕВОЛЈА

Лемина ја доби највисоката казна за брзо возење!

Плус 18 месеци без возачка дозвола...

објавено: 5 септември 2018 - 14:00

Играчот на Саутемптон Марио Лемина е казнет со 96,000 фунти поради брзо возење, сума која е највисока изречена за сообраќаен прекршок во Британија. Неговиот автомобил „Мерцедес AMG GLA 45" бил забележан како „лета" со 260 км на час. Лемина изјави дека не знаел кој го возел автомобилот во тој момент, можеби неговиот брат или братучед биле зад воланот во тој момент. Притоа Африканецот неколку пати не се јавил на поканата на полицијата поради што му е одредена висока парична казна плус забрана за управување на автомобил во времетраење од 18 месеци.

Најново во Другата страна на спортот