ХРВАТИТЕ СЕ ХИТ ВО СВЕТОТ

Легендата на НБА се „журка" со дрес на Модриќ (ВИДЕО)

Славниот Двејн Вејд се „сети" дека дома има еден подарок-дрес од хрватсиот ас, па реши да го „прошета" на една забава.

објавено: 6 јули 2018 - 14:00

„Мојот човек" - рече Двејн Вејд, а со прстот покажа кон автограмот кој во таа прилика го добил од фудбалерот на Реал Мадрид и на хрватската селекција.

Вејд и Модриќ се запознаа неодамна, во САД, за време на пријателскиот натпревар кој на Флорида Хрватска го играше против Перу. Потоа заедно „коцкестите" одгледаа и еден меч на Мајами Хит, се дружеа со Вејд и неговото друштво. А во таа прилика им се придружи дури и Новак Ѓоковиќ.
Сите си разменија по некој дрес, а сега Вејд го искористи актуелниот момемт и во провод со пријателите покажа за кого навива на фудбалскиот шампионат во Русија. 

Најново во Другата страна на спортот