НАЈДОБРИОТ КОШАРКАР ВО НБА СЕГА СЕ КАЕ

Леброн призна: Никогаш нема да си простам што така го крстив синот

„Никогаш нема да си простам што му го дадов тоа име на мојот син“, искрено коментираше Џејмс

објавено: 30 јули 2018 - 09:00

Најдобриот кошаркар во НБА лигата, Леброн Џејмс, во новата сезона ќе го облече дресот на Лос Анџелес Лејкерс за прв пат во кариерата. На едно гостување во телевизиско шоу, Леброн откри дека се кае што на својот син му го дал неговото име, Леброн Џунуор. 

Џејмс сега е свесен дека на тој начин направил син му да има голем притисок поради славниот татко. 

„Уште жалам за тоа што на мојот син му го дадов моето име да го носи. Кога бев млад, јас немав татко покрај мене. Поради тоа размислував дека кога ќе станам татко, на своето име ќе му го направам и дозволам се тоа што мојот татко не го направил никогаш за мене“, вели Леброн Џејмс. 

Синот на НБА ѕвездата сега има 13 години и тренира кошарка, а останува времето да покаже дали ќе го наследи својот татко. 

Најново во Другата страна на спортот