ШТО АКО ИМА МНОГУ ТЕТОВАЖИ...

КУН ЗНАЕ ШТО САКА: Ја остави ќерката на Марадона поради оваа убавица (ФОТО)

Пред неколку дена, ѕвездата на Манчестер Сити Серхио Агуеро бил „фатен" во објективот на папараците во Лос Анџелес со новата девојка.

објавено: 18 октомври 2018 - 10:00

Пред неколку дена, ѕвездата на Манчестер Сити, Серхио Агуеро бил „фатен" во објективот на папараците во Лос Анџелес со новата девојка.



Се покажа дека станува збор за Зои Кристофоли, позната како љубител на тетоважи и на ноќен живот. Жена која во јавноста се претставува како блогерка и фото модел, а од сега пак ќе добие и префикс „жена на фудбалер".

Инаку, малку е познато дека Зои до скоро била во врска со познатиот фотограф, Фабрицио Корона, кој е познат како момче на Нина Мора.

Според пишувањето на новинарите од Ел-Еј, ова е трета деојка за Агуеро во текот на оваа година.

Работата му тргна откако пред неколку години ја раскина врската со ќерката на неговиот славен аргентински сонародник, Диего Армандо Марадона, Џанина.

Најново во Другата страна на спортот