ПОКАЖА ФИЗИЧКА ИЗДРЖЛИВОСТ И БРЗИНА

Куче победи во полумаратон и освои медал

Кучето Сторми освои златен медал на полумаратонот во Австралија

објавено: 31 јули 2018 - 18:32

Полумаратонот беше организиран во близина на Калгурли во западна Австралија и траеше преку два и пол часа што е просечно време за тркачите, а кучето Сторми им се приклучи на тркачите на стартот на трката и откако си поигра, почна да трча со нив. Истрча 21 километар и не само тоа туку и прво стигна низ целта поради што организаторите му подготвија и „златен“ медал.

Кученцето ги освои срцата на гледачите и на маратонците, а дошло од локалната аборџинска заедница. Организаторот вели дека Сторми заслужи медал затоа што покажа физичка издржливост и способност иако има мали нозе беше побрзо од сите.

Најново во Другата страна на спортот