МОРАА ДА БАРААТ ДРУГО МЕСТО ЗА ПРОСЛАВА

КОМУНИСТИТЕ СТАВИЈА ВЕТО: Немаше мексиканска парада на „црвениот плоштад" (ВИДЕО)

Навивачите на мексиканскиот национален тим во Русија се многубројни, а и во добро расположение, ако се земе в предвид дека „сомбероросите" играа сосема добро и се дел од осминафиналето на Мундијалот.

објавено: 1 јули 2018 - 13:42

Мексиканците скоро и да се одомаќија во Москва, каде дури планираа да одржат парада слична на онаа која се прави за „Денот на мртвите" во нивната татковина.

Оваа специјална мексиканска „манифестација" опфаќа облекување на разни пригодни костими во кои доминираат скелети и черепи.
Сепак, Мексиканците не успеаја во својот план, затоа што се побунија челниците на руската Комунистичка партија, кои им обрнаа внимание дека на таков карневал местото не му е на Црвениот плоштад и во близината на гробот на Ленин.
На организаторите на парадата им било порачано дека може да ја направат на некое друго место, а еден од предводниците на комунистичкото движење на Русија, Сергеј Малинкович им објаснил и поради што нивната намера не е прифатлива.

„Зошто таму мора да има черепи или нешто друго? Сигурно е дека, ако се појават така облечени на Црвениот плоштад Русите сигурно ќе се обидат да ги запрат. Би дошло до конфликт, а можеби и до судири“- рече Малинкович, чија партија се пожалила на надлежното Министерство.

На крајот, Мексиканцие сепак ја одржаа својата парада, но во еден ограден дел за навивачите, а на карневалот присуствувале неколку стотини фанови.

 

 

 

Најново во Другата страна на спортот