ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ХРВАТСКА Е КРЕАТИВНА

Колинда смисли нов прекар за „коцкестите“

Таа беше во центарот на вниманието кога Хрватска ја елиминираше Русија, а поради работни обврски го пропушти полуфиналето против Англија

објавено: 13 јули 2018 - 14:00

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ го најави своето присуство на финалето на Светското фудбалско првенство во кое „коцкестите“ ќе играат против Франција. За Хрватска ова е најголем успех во историјата, надминувајќи го бронзениот медал кој го освои генерацијата од Мундијалот во 1998 година. 

Колинда вели дека оваа генерација на фудбалери може слободно да се наречат Даличевите витези, во чест и на селекторот Златко Далиќ

„Оваа генерација на Даличевите витези го надминаа успехот кој го постигнаа Синовите на Ќиро Блажевиќ, кои беа гордост на Хрватска. Верувам дека и оваа генерација ќе биде огромна гордост за сите“, рече претседателката на Хрватска, Грабар-Китаровиќ. 

Првата дама на Хрватска вели дека за финалето в недела веќе подготвила дрес кој ќе го подари на нејзиниот француски колега Емануел Макрон. Дрес од хрватската репрезентација веќе бил испратен и за рускиот претседател Владимир Путин.

 

Најново во Другата страна на спортот