Борис Тишма само што го освои шампионатот за кадети, односно кошаркари „Под 16" години во Нови Сад заедно со селекцијата на Хрватска.
А пред да почне големото славење и промоцијата на младите Хрвати во европски шампиони, Тишма дојде до клупата на противничката екипа во финалето – шпанската, да проба да го смири да го утеши Усман Гаруба за загубата (70:71) во мечот за златниот медал.
Инаку, Тишма и Гаруба се соиграчи во екипата на Реал Мадрид.
Само респект за еден ваков потег, на еден млад кошаркар!