РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ КАЖА „ДА"

Кире Ристевски потпиша со... Марија!

Вечерва во Битола ќе има уште една фудбалска веселба. Кире Ристевски и Марија Тодоровска прават свадба

објавено: 15 јуни 2018 - 12:07

Конечно се знае со кого и каков договор потпиша Кире Ристевски. Го бараа(т) многу клубови, но тој својот потпис го стави на договорот со Марија Тодоровска, својата долгогодишна девојка.

Тие својата љубов ќе ја крунисат вечерва со свадбена веселба. Тоа ќе биде уште една фудбалска свадба во Битола, по онаа на Стефан Спировски од минатиот петок на која Кире беше кум.

Инаку во текот на следната недела ќе се знае каде Ристевски ќе ја продолжи својата кариера.

Најново во Другата страна на спортот